Дома Фудбал ЈУВЕНТУС ПОДГОТВУВА ДВОЕН ПАКЕТ: Сакаат голман и напаѓач од тимот во Серија А!

ЈУВЕНТУС ПОДГОТВУВА ДВОЕН ПАКЕТ: Сакаат голман и напаѓач од тимот во Серија А!

Јувентус го промени спортскиот сектор преку летото и со трансфер политиката се занимава Џовани Карневали, кој заврши одлична работа во Сасуоло. Неговата задача, заедно со спортскиот директор Марко Отолини, е да создадат што потентен тим со што помалку средства, бидејќи не се изборија за пласман во Лигата на шампионите.

Примарни позиции каде се бараат засилувања се голманот и напаѓачот.

Желба на Јувентус е на местото голман да го доведат чуварот на мрежата на Парма, Зион Сузуки.

Супер талентираниот голман од Јапонија воодушеви на светското првенство, а зад себе има две одлични сезони во Серија А. Неговата цена е околу 20 милиони евра.

Во рамките на тие преговори, извори од Италија пишуваат дека челниците на Јувентус почнале да се распрашуваат и за напаѓачот Матео Пелегрино.

Робусниот напаѓач постигна 9 голови минатата сезона и дури 6 беа постигнати со глава. Тој е многу доминантен во скокот, а Лучано Спалети и претходно има кажано дека побарал од челниците на клубот да му доведат доминантна “деветка”. Неговата цена е околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и асистенција на Дориев за Согдиана – најдобар стрелец е во Узбекистан!

Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана во Узбекистан, откако денеска беше…