Дома Фудбал Лига на шампиони Фердинанд поради еден човек сака Борусија да го победи Реал Мадрид

Фердинанд поради еден човек сака Борусија да го победи Реал Мадрид

Вечерва на „Вембли“ се игра големото финале во Лигата на шампионите, а за титулата ќе решаваат екипите на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Станува збор за два клуба со голема историја и традиција, па затоа се очекува возбудливо финале. Своја прогноза пред битката за трофејот даде и легендарниот Рио Фердинанд кој сака Дортмунд да биде екипата која ќе слави.

Причината поради која навива за Борусија е Џејдон Санчо.

„Сакам Борусија да победи поради Џејдон Санчо, не ме интересира тимот и сум искрен. Ама за некој како Санчо кој е млад човек би било одлично да ја освои титулата за поголема самодоверба. Кога ве потценуваат и понижуваат треба да смените средина, сега покажа дека може да биде успешен“, изјави Фердинанд.

Ќе потсетиме, Санчо во Борусија Дортмунд пристигна откако буквално беше избркан од Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тотенхем размислува за трансфер на Каору Митома во јануари

Роберто Де Зерби сака да го врати Каору Митома во своите редови, овој пат во Тотенхем. Јап…