
Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1:0 против првакот на Лигата на нации Португалија во најочекуваниот осминафинале на Мундијал 2026, кој се одигра во Далас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Херојот за „Ла Фурија Роха“ стана замената Микел Мерино, кој го постигна победничкиот гол во судиското продолжение на натпреварот. Исто така, ова е петти натпревар по ред за тимот со недобиен гол на турнирот. Во следната фаза, Шпанците го очекуваат победникот од дуелот помеѓу домаќинот САД и Белгија, кои играат меѓусебно подоцна во оваа ноќ.
Од друга страна, натпреварот во Тексас беше последен за капитенот на „морепловците“ Кристијано Роналдо на Светско првенство.