Дома Топ вести Фенербахче испратил официјална понуда за Алиоски?

Фенербахче испратил официјална понуда за Алиоски?

Иднината на Езгјан Алиоски не е јасна, се уште не се знае дали Џани ќе го продолжи договорот со Лидс кој му завршува ова лето.

Македонскиот репрезентативец претходно на големо се поврзуваше со Галатасарај, дури изгледаше како овој трансфер и да е завршена разбота, сепак на крајот пропадна. Сега пристигнуваат нови информации. Наводно, Џани во своите редови сака да го доведе Фенербахче.

Ваквата информација ја објави турскиот медиум „Таквим“, кој наведува дека покрај спомената Галатасарај која беше најсериозна контакти со Алиоски имале уште Бешикташ и Трабзонспор. Според нивните информации официјална понуда за Џани од Фенер веќе има, но деталите не се познати.

Инаку, интерес за Алиоски нема само од Турција, рускиот гигант ЦСКА Москва исто така сака покажал интерес да соработува за Џани.

Како и да иднината на Џани сигурно ќе се решава во наредните денови по завршувањето на настапот со Македонија на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Интер нема место за Видал: „Нероаѕурите“ сакаат да се ослободат од неговата плата

Чилеанецот Артуро Видал не е во плановите на Симоне Инзаги за наредната сезона во која Инт…