Дома Македонски спорт Мак фудбал Уште едно големо засилување за шампионот: Струга потпиша со Стефан Спировски!

Уште едно големо засилување за шампионот: Струга потпиша со Стефан Спировски!

Maкедонскиот шампион Струга Трим Лум денеска го промовираше новото засилување, а станува збор за повремениот репрезентативец, Стефан Спировски.

Спировски така на 33-години се враќа во македонскиот фудбал и ќе се обиде да и помогне на Струга има и успешни европски квалификациите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Се очекува тој да донесе стабилност во средниот ред. Претходно Струга се засили со Стефан Јевтовски, Кире Ристевски, Арби Воша, Дујмовиќ и Такахара.

Во Македонија Спировски играше уште за Пелистер, Работнички и Вардар, додека во интернационалната кариера беше дел од Борац Чачак, Берое, Ференцварош, Хапоел Тел Авив, АЕК Ларнака, Мариупол, МТК Будимпешта, Пјуник и Етникос. За репрезентацијата на Македонија одигра 55 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…