Бесарт Ибраими ќе ги напушти редовите на Струга Трим Лум, тврди македонскиот медиум на албански јазик „Инфоспорт“.
Потврда од Струга нема, но во објавата на „Инфоспорт“ клубот тврди дека двете страни веќе се разделиле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Ибраими размислува за враќање во Шкендија каде што настапуваше во минатото. Струга летово доведе познати имиња од македонскиот фудбал, меѓутоа немаше успех во европските квалификации.
Амбициите за новата сезона секако за стружани се одбрана на титулата, а ако се потврди заминувањето на Ибраими тогаш тоа сигурно би бил тежок удар.