Дома Топ вести Уште една „отфрлена“ ѕвезда на Јунајтед се сели во Италија

Уште една „отфрлена“ ѕвезда на Јунајтед се сели во Италија

Немања Матиќ оваа сезона изгледа не е во првите планови на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Српскиот фудбалер минатата сезона беше стандарден член на првиот тим кога клубот од „Олд Трафорд“ го предводеше Жозе Мурињо. Сепак, почетокот на оваа сезона за Матиќ беше сосема поразличен и тој првите три натпревари од Премиер лигата ги помина на клупата и не влезе во игра, а во последните два натпревари одигра вкупно 89 минути.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По тоа се пишуваше дека е незадоволен со тоа и дека барал состанок со Солскјер, а подоцна се појавија информации дека сака да го напушти Јунајтед, но тоа клубот не му го дозволува. Матиќ е во последните години од договорот и изгледа дека „Црвените ѓаволи“ немаат намера да му понудат нов договор, па така многу клубови се интересираат за него.

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер, Милан и Јувентус спремно чекаат да го доведат Матиќ во своите редови, а исто така и Борусија Дормтунд е заинтересирана за него.

31-годишниот фудбалер во 2017. година пристигна од Челзи во Манчестер Јунајтед за нешто помалку од 45 милиони евра, а од тогаш одигра 89 натпревари за овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …