Официјалната Инстаграм страница на Лигата на шампионите објави видео компилација од најдобрите моменти на Вирџил Ван Дајк на „Ноу Камп“ против Барселона додека стоперот го носеше дресот на Селтик.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во оваа ситуација фановите забележаа еден кикс од страна на лицата кои го водат Инстаграм профилот на најелитното европско натпреварување.
Имено, тие место „Virgil“ го напишаа „Virgin“(девец). Грешката брзо беше поправена, но сепак остана доволно долго за да се рашири на социјалните мрежи.
