УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Северна Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини.
Минатата недела, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамет Сејдини беше нападнат од три лица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во македонската фудбалска заедница за да обезбедиме федерацијата да остане ослободена од какво било мешање, во согласност со Статутот на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности. Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Северна Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со што ќе се погрижи независноста на ФФМ да се одржи и почитува“, велат од УЕФА.