Дома Фудбал Останато Убав гест на соиграчите: Адеми повторно капитен на Динамо

Убав гест на соиграчите: Адеми повторно капитен на Динамо

Aријан Адеми по кратката епизода во Кина се врати во Динамо Загреб каде што ги имаше најголемите успеси во кариерата.

Благодарение на фудбалерите на Динамо, Адеми повторно ќе ја носи капитенската лента. Кога Адеми замина, Бруно Петковиќ ја презема капитенската лента, но сите се согласиле дека по враќањето таа треба да биде на раката на македонскиот репрезентативец.

Адеми е најтрофеен играч во историјата на Динамо, а одигра вкупно 359 натпревари, а се врати по само 19 натпревари во дресот на кинескиот Пекинг Гуан.

Заменик-капитен ќе биде Петковиќ, додека следни на листата се Ристовски и Мишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погледнете каков спринт направи Адејеми во 90. минута (Видео)

Иако Барселона извојува убедлива победа против Расинг Сантандер со резултат од 7:2, главна…