Дома Трансфер зона „Тутоспорт“: Јувентус на трансфер листа ставил 11 фудбалери!

„Тутоспорт“: Јувентус на трансфер листа ставил 11 фудбалери!

Aко му веруваме на „Тутоспорт“ ова лето ќе видиме голема чистка во Јувентус.

На насловната страна на познатиот италијански медиум стои дека дури 11 фудбалери на „старата дама“ се на трансфер листата.

Спортскиот директор на Јувентус нема намера сите да бидат продадени, некои би можеле да се искористат во размена со други клубови. Листата на „вишок“ во Јувентус изгледа вака:

Миралем Пјаниќ, Матија Перин, Матија Де Шиљо, Даниеле Ругани, Кристиајан Ромеро, Лука Пелегрини, Адриен Рабиот, Марко Пјаца, Гонзало Игуаин, Роландо Мандрагора и Стеф Мавидиди (член на У23 тимот).

Покрај споменатите имиња клубот за добра понуда не би имал ништо против да пуштинекој од Даглас Коста и Арон Рамзи.

Горе-долу оваа листа не е изненадување затоа поголем дел од споменатите веќе се поврзуваа со заминување од Јувентус. Секако, Јувентус очекува во клубот да пристигнат и некои нови имиња.

Играчи кои се поврзуваа со Јувентус во изминатиот период се: Вилијан, Погба, Тонали, Артур, Мертенс…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер започна преговори со ѕвездата на Челзи

Раководството на Интер започна преговори со левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери, пренесув…