Познато е дека Манчестер Јунајтед во новата сезона ќе биде предводен од Ерик Тен Хаг кого го очекува многу работи, а се најавуваат и големи промени во таборот на „црвените ѓаволи“.
Промени во играчкиот кадар сигурно ќе има, а според последните информации од Островот веќе се знае кои тројца фудбалери сигурно ќе си заминат од „Олд Трафорд“. Наводно, Ентони Марсијал, Ерик Баи и голманот Дин Хендерсон веќе можат да си бараат нови клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина веруваат дека ова е само почеток на создавањето на „нов Јунајтед“, а навивачите со нетрпение очекуваат и кои засилувања ќе пристигнат на „Театарот на соништата“ бидејќи и Пол Погба најверојатно заминува, а последните најави се дека Французинот се враќа во Јувентус.
Нема сомнеж дека во Манчестер не очекува возбудливо лето. Најинтересното треба да не очекува во јули, кога вообичаено има најмногу случувања во летниот преоден рок.