Дома Трансфер зона Трка за Осимен: Челзи го губи чекорот, два други гиганти се во преден план

Трка за Осимен: Челзи го губи чекорот, два други гиганти се во преден план

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето би можел да го промени клубот, земајќи ги предвид малку послабите резултати на Наполи кој не е на нивото од претходната сезона кога го освоија Скудеотот.

За напаѓачот од Нигерија заинтересирани се неколку клубови, претходно се споменуваше финансиски моќниот Челзи, но сега „сините“ повеќе не се во преден план, пренесуваат англиските медиуми.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Осимен е под договор до 2026 година и се чини дека летото 2024 година е последно кога Наполи би можел да го продаде за повисока сума.

ПСЖ и Арсенал во последно време се во постојана комуникација со овој фудбалер и се верува дека парижаните би можеле да ги исполнат сите негови барања, додека Челзи кој имаше повеќе промашувања во последните преоднио рокови не може да дава преголеми плати. Според информациите, Осимен бара околу 240.000 фунти неделно.

Арсенал би можел да тргне по него бидејќи им треба класичен напаѓач од светска класа, а Осимен е секако тоа …

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…