Дома Фудбал Италија Тренерот на ЛА Галакси: Златан сака и заслужува да ја заврши кариерата во Серија А

Тренерот на ЛА Галакси: Златан сака и заслужува да ја заврши кариерата во Серија А

ЛА Галакси вчера и официјално соопшти дека на крајот од сезоната во МЛС завршува и епизодата на Златан Ибрахимовиќ во овој клуб.

За ваквиот развој на настаните се шпекулираше од поодамна, а наводно Ибра би можел да се врати во Италија. Се споменуваат Интер, Милан, Наполи и Болоња, додека претходно се шпекулираше дека 38-годишниот играч сака да ја почуствува “фудбалската романтика“ и да заигра во дресот на Бока Јуниорс.

Новинарите од италијанското радио Кис Кис се обидоа да добијат одговор за иднината на Ибра од тренерот на ЛА Галакси, Скелото.

„Не знам што ќе направи сега. Тој е фантастичен играч, но не го знам неговиот следен чекор, можеби ќе ја заврши кариерата во Наполи или Милан.“ – изјави Скелото и додаде:

„Не знам каде ќе биде, но тој сака и заслужува да ја заврши кариерата во Италија.“

Еден од клубовите кои се заинтересирани за Ибра е Наполи. Инаку, Златан во ПСЖ имаше прилика да соработува со актуелниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти.

„Добро се познаваат, Златан очигледно има карактеристики кои му се потребни на Наполи.“ – кратко прокоментира Скелото.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Петарда“ на ПСЖ, Мурињо поразен во Минхен, сигурни Јувентус, Реал и Атлетико (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа и последните натпревари од шестото коло во Лигата на шампионите. Најмно…