Дома Македонски спорт Тргнавме добро па застанавме: Пораз од 10 разлика против Словенија

Тргнавме добро па застанавме: Пораз од 10 разлика против Словенија

Македонија денес сосема добро го започна натпреварот против Словенија која пред почетокот на натпреварот беше огромен фаворит.

Една поинаква Македонија видовме од самиот старт и после 10 минути водевме со 5:4.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Следуваше период од две минути без гол, па Македонија со голот на Талески од девет метри дојде до 6:4. Потоа следуваше една серија на Словенија од 3:0 и поведоа со 6:7, тоа беше второ водство за Словенците во натпреварот. Израмнивме веќе во следниот напад и тоа повторно преку Талески (7:7).

Се играше тврд ракомет, ниту Словенците, ниту ние не се одлепувавме. Во последните 10 минути Словенија влезе со еден гол предност (8:9). По таа 20. минута имавме пад во играта, па Словенија во наредните пет минути првпат дојде до плус три (9:12).

До крајот првите 30 минути ние не постигнавме гол, а Словенија даде уште еден за водство од 9:13.

Словенија беше подобра на отварањето на вториот дел. Лазаров кај нас постигна два гола, тоа беа неговите први од игра денес. Словенија во тие први пет минути постигна три гола и водеше 11:16. Се што правевме добро го прокоцкавме во овој лош период од второто полувреме. Направивме две грешки во нападот, Словенците не казнија и веќе направија разлика од 11:18, па беше јасно дека тешко ќе ги стигнеме.

Во псоледните 20 минути Брестовац ги извади од игра поискусните, па кога веќе го губевме натпреварот шанса добија оние кои не играат многу.

До крајот младите собираа искуство, а конечниот резултат гласеше 21:31.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…