Дома Македонски спорт ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Се удави репрезентативниот голман Никола Даниловски!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Се удави репрезентативниот голман Никола Даниловски!

Трагедија ја потресе денес Македонија откако голманот на ракометниот клуб Охрид, а воедно и репрезентативец на Македонија Никола Даниловски се удавил под неразјаснети околности.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Голманот исчезнал околу девет часот после тренингот на неговиот клуб, а утринава било пронајдено неговото безживотно тело.

Трагична смрт на младиот голман кој ги помина сите младински репрезентативни категории, а во последно време се наоѓаше и на поширокиот список на македонската репрезентација и кај Брестовац и кај Лазаров.

Поради оваа голема трагедија вечерва нема да се игра натпреварот од македонската суперлига помеѓу Охрид и Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…