Франческо Тоти, најголемиот играч во историјата на Рома даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое помеѓу останатото зборуваше и за новиот тренер на римскиот клуб, Жозе Мурињо.
Тоти призна дека е воодушевен од работата на Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во рана фаза сме и тешко е да се прогнозира, но некои работи навистина ми се допаѓаат. Самото тоа што Мурињо ја избра Рома нешто зборува. Тој е многу флексибилен тренер. Освои се и има харизма, играчите го следат и го слушаат. Нема сомневање дека ќе биде најдобриот можен мотивитаор и клучна фигура во соблекувалната“:
„Ме воодушеви со способноста брзо да се прилагоди на нивната околина. Се става пред сите, тој е наш громобран и тоа во град како Рим може да биде одлучувачки фактор“, заклучи Тоти.
После три кола Рома има девет гола и најдобра гол-разлика, па затоа „волчицата“ е на лидерското место во Серија А.