Тотенхем е силно заинтересиран за голманот на Милан и француски репрезентативец , Мајк Мењан.
Уго Лорис е на залез на кариера, па Тотенхем ја почна потрагата по негов наследник, а прв избор е токму Мењан.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Мењан минатата сезона со Милан ја освои титулата и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.
„Спарси“ се спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис, но Милан тешко дека ќе прифати да го продаде Французинот.
„Росонерите“ се спремни да ја одбијат секоја понуда која ќе пристигне за голманот и веќе спремаат нов договор за Мењан.