Зад нас е одличниот викенд во однос на понудата, а пред нас е продолжението на европските купови. Овој понеделник е како мал фластер, а ова е нашиот предлог тикет за денес.
Рапид Букурешт – Херманштад – 1&2+ @ 1.98 во Mozzart
Рапид оваа сезона игра стабилно, но често знаат да извадат нерешени резултати и тоа им го ограничува напредокот. Од 14 натпревари имаат само три победи и три порази, додека останатите осум завршиле реми. Тимот од Букурешт е во солидна форма со само еден пораз во последните пет првенствени натпревари и победа во купот против Ботошани. Херманштад доаѓа со лошо расположение бидејќи запишаа шест дуел без победа, а во последните четири беа поразени. Овде очекуваме победа на Рапид и најмалку два гола на натпреварот, со квота 1.98 во Mozzart.
Лацио – Каљари – 1&2+ @ 1.80 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мора да признаеме дека Лацио игра над очекувањата, барем во овој дел од сезоната. Римјаните пред ова коло беа на делба на третото место, но во меѓувреме ги престигна тимот на Јувентус. Можат да се вратат во самиот врв на табелата, секако ако го победат Каљари. Гостите пак не можат да се пофалат ниту со резултатите, а ниту со моменталната форма. После три кола во кои освоија 7 бода, Каљари во двете претходни кола изгубија од Удинезе и Болоња и тоа без постигнат погодок. Ние овде типуваме 1&2+ со квота 1.80 во 22Bet.
Копенхаген – Силкеборг – ГГ3+ @ 1.95 во Bet365
Лавовите имаат само една цел оваа сезона, а тоа е повраток на титулата. Копенхаген имаше пропусти, но во овој момент се наоѓаат на 3-то место со 25 бода и со евентуална победа над Силкеборг ќе бидат на првото место на табелата. Гостите пак се актуелни освојувачи на купот на Данска, но тие не успеаа преку квалификациите да стигнат до ниту еден европски куп. Овде сметаме дека ќе гледаме ефикасен натпревар, па типуваме ГГ3+ со квота со квота 1.95 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.95
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk