Дома Фудбал Навивачите на Јувентус направија хаос и го прекинаа натпреварот, еден ќе го повредеше Гати (Видео)

Навивачите на Јувентус направија хаос и го прекинаа натпреварот, еден ќе го повредеше Гати (Видео)

Јувентус ги заврши подготовки за сезоната играјќи против својот резервен тим за играчи до 23 години. Натпреварот во Торино предизвика огромен интерес кај навивачите, бидејќи беа претставени новите играчи – Алајбеговиќ, Челик, Екатор и Лукуми. На одморот, првиот тим водеше 2:0, а голови постигнаа Франциско Консеиќао и Вестон МекКени. Се истакнаа и Даглас Луиз и Кенан Јилдиз, кои оставија одличен впечаток.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во втората половина, тренерот Лучијано Спалети го замени целиот почетен состав. Новиот тим требаше да ја започне втората половина, но навивачите на Јувентус ги спречија. Тие масовно се втрчаа на теренот, кој брзо се преплави со навивачи кои ги опкружија играчите и тренерите барајќи нивни дресови. Оваа инвазија беше очекувана, но се случи многу порано од предвиденото, поради што второто полувреме не се одигра. Ова доведе до инцидент кој можеше да има сериозни последици.

За време на хаосот о на навивачите на теренот, еден од нив од зад грб го собра Федерико Гати (28), одбранбениот играч на Јуве и италијанската репрезентација. Играјќи за Јувентус со 137 настапи и 11 постигнати голови, Гати можеше да претрпи сериозна повреда. “Опасен старт од навивач. Голем ризик за време на инвазијата!” пишуваше во насловот на Газета дело Спорт за инцидентот. Во текстот се вели дека навивачот веројатно се лизнал додека трчал на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека го чека Баркола, Ливерпул, тргна по друго крило од ПСЖ

Ливерпул, кој со нетрпение го следи развојот на настаните со Пари Сен Жермен и Бредли Барк…