Дома Топ вести Тео Хернандес го одби ПСЖ, Милан го наградува со нов договор

Тео Хернандес го одби ПСЖ, Милан го наградува со нов договор

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Светците“ испратиле понуда од 50 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец, кој одигра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. 

Покетино го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, но Милан експресно ја одбил понудата и порачал дека играчот не е на продажба.

Тео Хернандес исто така ја одбил понудата на ПСЖ бидејќи сака да остане во Милано, а двете страни наскоро ќе започнат преговори за продолжување на договорот.

Тео има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан ќе му понуди двојно зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…