Дома Фудбал Италија Постигнат договор, Тео Хернандес става потпис

Постигнат договор, Тео Хернандес става потпис

Тео Хернандес е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот сака уште долго да го задржи во своите редови.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е на мета на многу европски гиганти.

Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2026 година, но Милан му понуди нов договор со значително повисока плата.

Последните информации се дека двете страни постигнале комплетен договор и наскоро Тео ќе стави потпис на нов договор до 2029 година и годишно ќе заработува 6,5 милиони евра со бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…