Дома Трансфер зона Тен Хаг во последен момент сака засилување од Тотенхем?

Тен Хаг во последен момент сака засилување од Тотенхем?


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


До крајот на преодниот рок, Манчестер Јунајтед сака да доведе уште едно засилување во средниот ред. Според последните информации „црвените ѓаволи“ испратиле понуда до данскиот фудбалер, Пјер Хојберг кој за Тотенхем игра од 2020 година.

Јунајтед се обидува во последен момент да ги обезбеди услугите на Хојберг, меѓутоа засега не е познато дали Тотенхем ќе сака да го продаде во последните денови од преодниот рок кога нема многу време да доведе негова замена.

Данецот има договор со Тотенхем до 2025 година и се шпекулира дека Тотенхем ако се одлучи да го продаде, тоа нема да биде за сума пониска од 40 милиони евра.

Станува збор за фудбалер со големо искуство во Премиер лигата, дресот на Тотенхем го носеше на 111 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал спреми 100 милиони за Лаутаро

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Приоритет на Реал Мадрид во летниот …