Дома Фудбал Италија Таткото на Игуаин: Глупави луѓе го критикуваат мојот син

Таткото на Игуаин: Глупави луѓе го критикуваат мојот син

Гонзало Игуаин се уште не се вратил во Италија.

Аргентинскиот напаѓач се уште се наоѓа во неговата родна земја, а одредени италијански медиуми тврдеа и дека таму ќе остане така што ќе потпише договор со Ривер Плата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа од останувањето на Игуаин во Аргентина нема ништо. Игуаин ќе се врати во Италија и ќе го одработи до крај својот договор со Јувентус. Тоа го потврди и неговиот татко.

„Се уште не е време за враќање во Аргентина. Гонзало има уште една година од договорот со Јувентус и сака тој да го испочитува. Не сакам воопшто да зборувам за тоа бидејќи во овој момент станува збор само за фантазија. Европскиот трансфер пазар е поинаков од аргентинскиот и фудбалерите каков што е мојот син тешко би се вратиле“, изјави Жорге.

Пипита во претходниот период трпеше критики на друштвените мрежи, Жорге зборуваше и за тоа.

„Има играчи кои се на врвот на листата на оние кои сакаат цело време да критикуваат. Искрено мислам дека некои луѓе се глупави. Цел ден го поминуваат критикувајќи и креирајќи смешни видеа. Нападите преку интернет се куквачки и само се срамат самите себе. Тоа се очајни луѓе кои залудно го трошат своето време“, смета Жорге.

Игуаин до прекинот на сезоната настапи на 34 натпревари за Јувентус и има учинок од осум голови и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…