Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиската анализа на ФФМ потврди: Тиквеш и Пелистер беа оштетени!

Судиската анализа на ФФМ потврди: Тиквеш и Пелистер беа оштетени!

Судиска комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 25. коло во 1. МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

–  На натпреварот ФК Работнички – ФК Струга Трим Љум одигран на 02.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 48. минута.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

48. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играчот на Работнички го влече со интензитет напаѓачот на Струга во својот шеснаесетник, спречувајќи го да игра со топка. Исправно досуден удар од 11 метра и доделена дисциплинска мерка (жолт) картон.

–  На натпреварот ФК Шкупи – ФК Тиквеш одигран на 03.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 9. минута.

Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Бакрачевски Разме и Мартин Петковски;

9. минута: Погрешна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метра). Играч на Шкупи во свој шеснаесетник со интензитет го соборува (влече) играчот на Тиквеш, спречувајки го да игра со топка. Судијата во оваа ситуација мора да досуди удар од 11 метри и да додели дисциплинска мерка жолт картон.

–  На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П. – ФК Пелистер одигран на 03.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 64. и 90. минута.

Главен судија: Марјан Стојановски; Помошни судии: Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски;

64. минута: Погрешна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играч на Македонија е во посед на топката, на него стартува играч на Пелистер со мал интензитет и доаѓа до минимален контакт. Погрешно досуден удар од 11 метра бидејќи контактот не е доволен.

90. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играчот на Пелистер неспретно и со интензитет стартува на нога на играч на Македонија во својот шеснаесетник. Исправно досуден пенал без дисциплинска мерка.

На натпреварот ФК Брегалница – ФК Ренова одигран на 03.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 44, 58. и 78. минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

44. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метра). Играч на Брегалница во шеснаесетникот на Ренова се обиде да симулира удар од 11 метра, немаше никаков контакт помеѓу играчот на Брегалница и играчот на Ренова. Исправно досуден индиректен слободен удар и доделена дисциплинска мерка жолт картон за симулација, воедно, тоа беше втор жолт (црвен).

58. минута: Исправна проценка на првиот асистент (нема офсајд позиција). Играч на Брегалница додаде топка до свој соиграч кој беше во линија со претпоследниот играч на Ренова, исправна одлука на асистентот за играта да продолжи бидејки немаше офсајд позиција, од оваа акција беше постигнат гол, голот е исправен.

78. минута: Исправна одлука на судијата(досуден удар од 11 метра.). Играч на Брегалница во свој шеснаесетник со две раце, со интензитет го влече и соборува играчот на Ренова кој е во ветувачка шанса за гол, спречувајќи го да игра со топка. Исправно досуден удар од 11 метра и доделена дисциплинска мерка жолт картон, воедно тоа беше втор жолт (црвен).

–  На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Скопје одигран на 03.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 77. минута.

Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Ристо Ѓорѓиев и Кристијан Џонов;

77. минута: Погрешна проценка на првиот асистент (досудено офсајд позиција). Играч на Скопје додава топка до свој соиграч кој се наоѓа во половината на Академија при додавањето. Првиот асистент сигнализира офсајд позиција, погрешна одлука на асистентот, бидејки нема офсајд позиција кога играч тргнува од своја половина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Само еден фудбалер бил подобар од Миовски викендов во Ла Лига 📸

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски викендов го одигра најдобриот натпревар од неговото при…