Дома Фудбал Целиот свет зборува за она што го направи Садио Мане!

Целиот свет зборува за она што го направи Садио Мане!

Поранешната ѕвезда на Ливерпул, а денес фудбалер на Ал Наср, започна голем проект под името SM10 Агро, кој ќе се реализира токму во неговото родно Бабали.

Вредноста на проектот изнесува околу 11,7 милијарди CFA франци, што е приближно 15 милиони фунти.

Овој пат не станува збор за фудбал, туку за агрикултура и обид за создавање сериозна економска промена во делот на Сенегал од каде што доаѓа Мане.

Планирано е создавање на голем агроиндустриски комплекс кој ќе ја поврзе производството на мангото со неговата преработка и извоз.

Еден од централните делови на проектот ќе биде плантажа со големина од дури 500 хектари, а според информациите претставени при промоцијата на проектот, планирано е околу 78.000 дрвја манго. Првата берба се очекува за околу три години.

Но, многу поважен податок од самата големина на плантажата е она што проектот ќе значи за локалното население. Планот на Мане треба да создаде повеќе од 1.000 директни работни места, додека дополнителни вработувања треба да произлезат низ транспорт, снабдување и други дејности поврзани со целиот комплекс.

Во Бабали ќе бидат изградени и погони за преработка на мангото. Планирано е производство на пулпа и пире, сушено манго, но и путер од манго, со што Мане сака што поголем дел од вредноста на произведеното овошје да остане токму во Сенегал.

Причината за таквата инвестиција се крие и во големиот проблем на регионот Седхиоу. Мане при преставувањето на проектот објасни дека поради недостиг на соодветни капацитети за складирање и преработка, моментално се губат дури меѓу 30 и 40 проценти од жетвата на манго.

Но, Сенегалецот не помислил само на производството. Во рамките на проектот е планиран и центар за образование и обука на млади луѓе за работа во агрикултурата, со содржини за истражување и развој. Токму овој сегмент е посебно важен за Мане.

“Сакам младите луѓе и жени од мојот регион да имаат вистински можности за образование”, рече Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал: Илјада пати сум навредуван на расна основа

Ламин Џамал истакна дека многупати бил на удар поради бојата на кожата. Светски и европски…