Во дербито на дното во рамки од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига екипите на Вардар и Тиквеш денеска ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1 на Арената „Тодор Проески“. Натпреварот не изобилуваше со возбудлива игра и шанси, а двете екипи ретко се закануваа кон противничкиот гол. Тиквеш прв стигна до водство кога Спахиу погоди во завршницата од првото полувреме. Вардар …