Дома Македонски спорт Мак фудбал Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

На натпреварите од 29 коло од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 26 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На натпреварот Фк.Осогово-Фк.Караорман одигран на 27.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 63 и 87 минута.

“Главен судија: Пларент Салихи. Помошни судии: Хабиљ Ливорека и Осман Зекири. 63 минута:

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано гол за гостинската екипа, топката со целиот обем ја помина гол линија, при резултат 1:0) По исправно досуден слободен удар за екипата на гостите, гостинскаи играч директно упати удар кон голот на домакините, топката се одби од гредата и со целиот обем падна позади гол линијата и се одби во поле. Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки топката со целиот обем ја помина гол линијата и се одби во поле. 87 минута:

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделени црвени картони за играчи од двете екипи, при резултат 1:1) По исправно досуден слободен удар за домашната екипа, настана масовна конфронтација помеѓу играчите на двете екипи, притоа се приклучија и резервни играчи од двете екипи. Исправна одлука на главниот судија, поради насилничко однесување во масовната конфронтација беа доделени два црвени картони за гостинската екипа и еден црвен картон за домакините.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пол се налути и објасни зошто Тајсон го промашувал во борбата

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсо…