Дома Фудбал Милан го победи Наполи во трката за дефанзивецот на Лацио

Милан го победи Наполи во трката за дефанзивецот на Лацио

Милан постигна договор со Лацио околу доведувањето на дефанзивецот Марио Хила, известуваат италијанските трансферни експерти.

Вкупната трансферна сума изнесува 30 милиони евра со вклучените бонуси. Половина од таа сума ќе оди во касата на поранешниот клуб на Шпанецот, а тоа е Реал Мадрид.

Минатата недела Милан постигна договор и со самиот Хила, кој ќе добие петгодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона и дополнителни 1 милион во форма на бонуси.

Пред тоа, централниот дефанзивец се договори и со Наполи по барање на новиот тренер Масимилиано Алегри, кој доскоро го водеше „росонерите“. Сепак, Неаполитанците не успеаја да постигнат договор со Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Втор ден од првото коло во Лигата на шампиони: Спектакли на Марадона и Енфилд, Барса и ПСЖ стремат кон сигурни победи

По возбудливиот старт на новата сезона со победите на Реал Мадрид и Манчестер Сити, европс…