
Искусниот Жорже Жезус е главен фаворит за местото селектор на репрезентацијата на Португалија. 71-годишниот стручњак, кој пред неколку месеци заедно со Ал-Наср и Кристиано Роналдо ја освои шампионската титула во Саудиска Арабија, ќе го наследи Роберто Мартинез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последниот објави ноќеска, откако Португалија беше елиминирана од Светското првенство, дека си заминува.
Според ЕСПН, Португалската федерација сака назначувањето на Жезус да се реализира што побрзо, а изворот верува дека тоа може да се случи уште до крајот на оваа недела. А Бола додава дека веднаш по враќањето од САД, Педро Проенса, кој е претседател на локалната федерација, ќе се сретне со Жезус за да ги разгледаат сите услови на договорот. Португалските медиуми претпоставуваат дека неговиот договор ќе трае до крајот на Светското првенство во 2030 година.
Жезус беше поврзуван и со националниот тим на Бразил пред назначувањето на Карло Анчелоти. По освоената титула со Ал-Наср, тој призна дека ја прифатил понудата да оди во Саудиска Арабија само за да му помогне на Кристиано Роналдо да ја освои титулата.