Дома Топ вести Специја е последна шанса за Ристовски: Детали од преговорите!

Специја е последна шанса за Ристовски: Детали од преговорите!

Нема уште многу време до крајот на преодниот рок, па Специја изгледа е последна шанса за македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски да премине во клуб каде што ќе игра редовно.

Се поврзуваше Ристовски со Динамо Москва, Олимпијакос и АЕК Атина, но од преминување во тие клубови нема да има ништо. Последните информации се дека Спортинг до Специја испратил понуда за позајмица со задолжителен откуп и очекувањата се на Специја да и одговара оваа понуда.

Информациите говорат дека менаџерот на Ристовски, Леонардо Корси е во финални преговори да ја реши иднината на нашиот фудбалер. Специја би го добила Ристовски на позајмица, додека во јуни би платила 2.5 милиони евра за откуп на неговиот договор.

Ќе видиме како се ќе заврши, меѓутоа за македонската репрезентација би било добро Ристовски да го напушти Спортинг и да оди во клуб каде што ќе игра редовно со оглед на тоа дека не чека Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се вклучи во трката за Вајналдум

Англиските медиуми пренесуваат дека Жоржињо Вајналдум дефинитивно ќе го напушти Ливерпил н…