Денеска беше одржана ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, по што стана јасно дека Италија ќе има барем еден претставник во полуфиналето.
Во четвртфиналето ќе играат Наполи и Милан, победникот од тој дуел ќе се бори за пласман во финалето со подобриот од дуелот помеѓу Интер и Бенфика, а тренерот на наполитанците Лучијано Спалети признава дека е незадоволен од ждрепката во Нион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа ќе биде пресметка меѓу актуелниот шампион на Италија Милан и многу веројатно идниот Наполи, откако „наполитанците“ речиси го обезбедија „скудетото“ во тековната сезона. Само чудо може да ги спречи да ја освојат титулата.
Посакував ривал кој не е од Италија, но добивме нешто друго“, изјави Спалети.
“Милан има голема историја, тие што велат дека добро сме поминале во ждрепката немаат поим. Само Реал ја освоил Лигата на шампионите повеќе пати од Милан. Историјата говори многу”, изјави Спалети.