Фудбалерот на Наполи Џовани Симеоне доби задача од новинарите да ги спореди Антонио Конте и неговиот татко Диего Симеоне.
Напаѓачот не криеше дека помеѓу Конте и Диего постојат големи сличности.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Тренерот е 100% посветен на Наполи, полн со концентрација. Тој навистина ме потсетува на мојот татко Диего. Ја има таа страст за фудбалот во неговата глава, гледа, чувствува сè, и сè доаѓа од неговото искуство и гледање натпревари со часови. Така знаеш кога да напаѓаш, кога да се браниш, тоа се квалитети на големите тренери“, изјави младиот Симеоне.
Диего Симеоне долги години е на клупата на Атлетико Мадрид, додека неговиот син поради Ромелу Лукаку има ограничена минутажа. Сепак, за својот соиграч има само пофални зборови.
“Импресиониран сум од Лукаку како личност. Тој е многу интелигентен и одличен соиграч, им помага на другите. Тоа го става во позиција на лидер, покрај тоа што е одличен играч”, изјави Симеоне.
Наполи во овој момент е лидер на табелата во Серија А со 16 освоени бодови од седум натпревари.