Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар со важно соопштение пред неделното дерби со Шкупи

Вардар со важно соопштение пред неделното дерби со Шкупи

Во второто коло од македонското фудбалско првенство на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе играат екипите на Вардар и Шкупи.

Овој натпревар е прогласен за натпревар од висок ризик, а од Вардар ги објавија насоките по состанокот кој го имале со МВР.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„На паркингот пред стадионот ќе биде забрането паркирање на возила, пред и по завршување на натпреварот.

На стадионот ќе биде забрането внесување на сите пијалоци, како алкохолни така и безалкохолни, воедно и на сите останати предмети кои ќе можат да ја загрозат безбедноста на останатите луѓе кои ќе присуствуваат на натпреварот. Поради ова, во процес сме на изнаоѓање соодветно решение, бидејќи сме свесни и за исцрпувачките временските услови и за потребата на навивачите. Наскоро ќе ја објавиме одлуката и решението, во однос на ова прашање.

Секое нарушување на правилникот на ФФМ за фер и коректно навивање ќе биде веднаш санкционирано, затоа ги молиме сите навивачи кои ќе присуствуваат, да не потпаѓаат под провокации. Да бидеме пример, да не дозволиме дополнителни финансиски казни за клубот, сега кога повеќе од било кога сме му потребни.

90 минути за црвено -црните!🌑🔴

Замената на членските карти ќе се врши пред стадионот, во недела, од 14:30ч па се до почетокот на натпреварот.

На стадионот до 16:15ч ќе бидат пропуштани единствено тие кои ќе поседуваат членска карта. По 16:15ч ќе бидат пропуштани сите навивачи, а за оние кои ќе немаат членска карта, билетот ќе изнесува 200 ден.

Пред стадионот ќе се врши и продажба на членски карти по цена од 1000 денари“, објави Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …