Дома Останати Кошарка Славјето одлжено, Кливленд супериорен!

Славјето одлжено, Кливленд супериорен!

Промоцијата на новиот шампион и славјето се одложени, барем на уште некој ден.

Многу ќе се зборува за фантастичниот настап на кошаркарите на Кливленд не само што славеа тие водеа од првата до последната секунда, а на крајот славеа со 137:116. Ја одбранија честа во Охајо го преселија финалето во Оукленд каде што ноќта помеѓу понеделник и вторник следи нов меч.

Сепак Голден Стејт и понатаму е фаворит и има големи шанси да стигне до шампионскиот прстен со оглед на тоа што води во финалната серија со 1:3.

Леброн Џејмс запиша нов трипл дабл, постигна 31 поен, запиша 10 скокови и 11 пати асистираше. За „кралот“ ова беше девети трипл дабл во финалните серии. Кевин Лав исто така беше помеѓу најефикасните и постигна 23 поени.

Најефикасен беше секогаш одличниот Кевин Дурант кој запише 35 поени, но немаше доволно располжени соиграчи. Дремонд Грин постигна 16 поени, Кари 14, Клеј Томпсон 13…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакл и драма: На крајот разочарување за амбициозните Нетси, радост за Бакси!

Mилвоки Бакси ќе играат финале на истокот откако во драматична и фантастична серија ги исф…