
Македонскиот ракомет ќе има четири претставници во новата сезона од Европскиот куп на ЕХФ. На европската сцена ќе настапат ГРК Охрид, Алкалоид, ГРК Тиквеш и Бутел Скопје, кои ќе се обидат да остават силен впечаток во третото по ранг клупско натпреварување на Европската ракометна федерација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Три од четирите македонски екипи своите настапи ќе ги започнат од второто квалификациско коло. ГРК Охрид и Алкалоид ќе имаат статус на носители при ждрепката, што им носи поповолна почетна позиција, додека Бутел Скопје ќе биде меѓу неносителите. За разлика од нив, ГРК Тиквеш ќе стартува уште од првото квалификациско коло и исто така ќе биде дел од групата неносители.
Пред почетокот на втората рунда, Европската ракометна федерација ќе ја одржи ждрепката за првото квалификациско коло, во кое ќе учествуваат 38 екипи. Победниците од овие двомечи ќе им се приклучат на клубовите кои веќе имаат обезбедено директен пласман во следната фаза.
Дуелите од првото квалификациско коло ќе се играат во двомечи, а понатаму ќе продолжат екипите со подобар вкупен резултат. Првите натпревари се закажани за 12 и 13 септември, додека реваншите ќе бидат одиграни на 19 и 20 септември.
Ждрепката за воведната квалификациска рунда е закажана за 14 јули во 11:00 часот по средноевропско време, по што ќе бидат познати и можните ривали на македонските претставници во второто коло.
ГРК Охрид ќе ја започне одбраната на трофејот освоен минатата сезона, Алкалоид повторно ќе атакува на висок пласман, а Бутел Скопје и ГРК Тиквеш ќе се обидат да обезбедат успешен европски настап и место во следната фаза.