Дома Фудбал Италија Скриниар останува верен на Интер

Скриниар останува верен на Интер

Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар и оваа сезона игра одлично, а наскоро може да стави потпис на нов договор.

Скриниар е на мета на многу европски гиганти, но самиот потврди дека сака кариерата да ја продолжи во Интер.

„Договорот ми истекува во 2023 година, но сакам да останам долго. Се надевам дека луѓето во клубот се задоволни од моите игри и дека ќе ми понудат продолжување на соработката“, изјави Скриниар.

Интер наскоро ќе започне преговори со неговиот агент за продолжување на соработката до 2025 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Скриниар ќе добие и зголемување на платата, па со новиот договор ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лондонско дерби на пазарот: Арсенал и Тотенхем „загризаа“ за напаѓачот што му даде хет-трик на Интер

Николо Тресолди влезе во фокусот на европските великани по блесокот во Лигата на шампионит…