Дома Фудбал Англија Скандал по Суперкласико: Екс-голманот на Манчестер Јунајтед ќе се степаше со навивачи! 🎥

Скандал по Суперкласико: Екс-голманот на Манчестер Јунајтед ќе се степаше со навивачи! 🎥

Вчерашното дерби помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата беше полно со драматични моменти меѓутоа голем хаос се случуваше по крајот на мечот.

Додека фудбалерите на Бока го напуштаа теренот беа жестоко навредувани од своите навивачи за поразот. Поголемиот дел од играчите не обрнуваа внимание, меѓутоа голманот Серхио Ромеро не можеше да издржи.

Ромеро беше веќе на половина пат до соблекувалната, но се врати за да се пресмета со оние кои го навредуваа. На крајот застана во последен момент и се помина со вербална расправија, иако за физичка пресметка малку недостасуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија утре ќе биде ослабена, не игра ниту Николов

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дополнително ослабена за утрешниот натпревар…