Дома Фудбал Италија Синот на Симеоне потврди: Татко ми ќе го води Интер!

Синот на Симеоне потврди: Татко ми ќе го води Интер!

Актуелниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе ги предводи Интер порано или подоцна, потврди неговиот син Џовани Симеоне.

Не е тајна дека Симеоне е најголемата желба на Интер за тренерската позиција, а и Аргентинецот никогаш не ја криел желбата да ги предводи „нероаѕурите“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неговиот син, Џовани, кој моментално настапува за Џенова за шпанските медиуми потврди дека Симеоне порабо или подоцна ќе седне на кормилото на Интер.

„Еден ден ќе потпише за Интер, тоа е сигурно. Знам дека сега се чувствува одлично во Атлетико, но во иднина сигурно ќе ги предводи нероаѕурите“, изјави Џовани Симеоне.

Диего Симеоне како играч помина две години на „Џезепе Меаца“, од 1997 до 1999 година и никогаш не криел дека сака да биде тренер во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити испадна од Лигата на шампионите, а денес Пеп одлучи да потроши 100 милиони на ново засилување

Пеп Гвардиола ниту оваа сезона не блеска многу со Манчестер Сити, а нов удар пристигна во …