Дома Останати Тенис Синер прв финалист во Шангај: Се чека Ѓоковиќ за спектакл

Синер прв финалист во Шангај: Се чека Ѓоковиќ за спектакл

Светскиот тенисер број еден Јаник Синер се пласираше во финалето на турнирот во Шангај.

Италијанецот во полуфиналето со 2:0 го совлада Чехот Томаш Махач, 33. на АТП листата. Синер славеше со 2:0 сетови (6:4, 7:5).

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Махач, кој направи сензација во четвртфиналето и го исфрли Карлос Алкараз, му пружи силен отпор на фаворитот, но Синер одигра подобро во клучните моменти и дојде до победата.

Синер за титулата ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.

Ќе потсетиме, Синер веќе претходно го обезбеди првото место на АТП листата до крајот на годината без оглед на исходот на финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хаос на тениски меч, малку фалеше да за тепачка: Ајде ако смееш излези надвор!

Конфликт на тенискиот натпревар во Бастад: „Зошто ми го кажа тоа? Да се видиме надвор, ако…