Дома Трансфер зона Симеоне за 100 милиони носи две ѕвезди од Лондон

Симеоне за 100 милиони носи две ѕвезди од Лондон

Едисон Кавани на лето најверојатно ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ се во потрага по уште еден напаѓач.

Диего Коста на лето готово сигурно ќе си замине, а Симеоне како негова замена го сака напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Мадритскиот весник „Марка“ тврди дека Диего Симеоне и управата на Атлетико веќе почнале да работат да го доведат Французинот во Мадрид и за тоа спремиле 50 милиони евра.

„Јорганџиите“ се заинтересирани и за дефанзивецот на Вест Хем, Иса Диоп. 23-годишниот дефанзивец покажува одлични партии во Премиер лигата и неговата цена во моментов изнесува 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

После само два натпревари Јувентус сака да го откупи Коло Муани

Коло Муани во јануарскиот преоден рок пристигна во Јувентус на позајмица од Пари Сент Жерм…