Дома Фудбал Лаказет најави: Ќе го менува клубот во јануари?

Лаказет најави: Ќе го менува клубот во јануари?

Eден од најдобрите напаѓачи во историјата на Лион, Александар Лаказет најави дека би можел да го промени клубот.

Лаказет е човек кој во дресот на Лион постигна 186 голови во сите натпреварувања, солиден е и оваа сезона во која влегува со години со кои не може да им парира на помладите од себе.

Заминувањето од Лион го најави по дербито со Сент Етјен во кое тој го постигна единствениот гол на натпреварот.

„Ова е моја прва победа во дербито, сигурно и последна“, изјави Лаказет.

Засега нема најави каде би можел да се пресели напаѓачот во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го следи Калвани, Џенова ги мерка Камарда и Комото

Тројца млади Италијанци се во фокусот на Милан и Џенова, но „росонерите“ не сакаат трајно …