Поранешниот фудбалер на Интер Џонатан Бјабјани денес пронајде нов клуб.
Францускиот крилен фудбалер во кариерата промени многу клубови, а денес потпиша за шпанскиот третолигаш Сан Фернандо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претходно Бјабјани го носеше дресот на второлигашот Трапани и новиот трансфер покажува дека играл уште полошо во однос на минатата сезона.
Тој во овој момент има 32 години и не е толку стар, меѓутоа неговите најдобри денови поминаа од поодамна. Интересно е што се до 2018 година беше член на Интер кога „нероаѕурите“ конечно го продадоа на Парма.
Парма ја напушти во 2019 и немаше клуб до ноември минатата година кога потпиша за Трапани. Во кариерата играше уште за Сампдорија, Спарта Прага, Модена, Киево…Минатата сезона во Серија Б запиша 12 натпревари и не постигна гол или асистенција.