Дома Топ вести Се појави доказ дека Нејмар е на чекор од Барселона!?

Се појави доказ дека Нејмар е на чекор од Барселона!?

Сагата околу евентуалниот трансфер на Нејмар од ПСЖ во Барселона и понатаму на големо трае.

Веќе со недели спортската јавност пишува дека Нејмар ова лето ќе се врати во Барселона бидејќи самиот сфатил дека направил голема грешка што ја напуштил Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона неколку пати испраќаше понуди за Нејмар, но голем проблем е што ПСЖ не сака лесно да се откаже од фудбалерот за кој плати 222 милиони евра иако е непожелен во клубот.

Сепак, каталонските медиуми пренесуваат дека Нејмар никогаш не бил поблиску до враќање на „Камп Ноу“ и дека преговорите напредувале. „Спорт“ дури и објави дека имаат доказ дека Нејмар е на чакор од Барселона.

Наводно Барселона го контактирала спонзорот на спортска опрема „Најк“ и му порачала да почне да произведува дресови од Нејмар во големи количини. Преодниот рок завршува на 2-ри септември и ќе видиме дали Барса ќе успее да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…