Дома Трансфер зона Се појавил проблем: Пропаѓа трансферот на Шчесни во Јувентус?

Се појавил проблем: Пропаѓа трансферот на Шчесни во Јувентус?

Пред неколку дена се појави информацијата дека голманот на Јувентус, Војчех Шчесни е блиску кариерата да ја продолжи во Ал Наср и повторно да ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо.

Но, сега според италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо се појавил проблем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не се открива каков проблем се појавил, но се наведува дека тоа се случило кога двете страни веќе биле во напредна фаза од преговорите.

Набрзо би требало да пристигне информација дали ќе пропадне комплетната зделка или пак ќе се пронајде решение.

Намерата на Јувентус е нивни прв голман да биде Ди Грегорио кој пристигнува од Монца каде што во изминатата сезона беше избран за најдобар голман во најсилната италијанска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…