Дома Фудбал Останато Се огласи разочараниот сопственик на ПСЖ: Еве кои се следните чекори?!

Се огласи разочараниот сопственик на ПСЖ: Еве кои се следните чекори?!

Работата на Унаи Емери виси во воздух и прашање на момент е кога овој шпански тренер ќе добие отказ од ПСЖ.

Парижаните вложија богатство за да направат тим за нешто повеќе во Лигата на шампионите, а сопрени се во четвртфиналето, бидејќи во двата меча, најпрво со 3:1, па со 2:1 славеше Реал Мадрид.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Така што, Емери го разочара раководството на ПСЖ, а тоа се почувствува и по изјавата на сопственикот Насер Ал-Келаифи.

„Под знак прашалник е и работата на тренерот… Но, не е ова место за критикување. Ќе разговараме со играчите. Денес не сакам да реагирам, но разочарани сме и вознемирени. Ќе се смириме, па потоа ќе размислуваме за следните потези“, истакна Ал- Келаифи.

Но, сите насоки водат кон тоа дека во следните 24 часа, Емери ќе стане бивши тренер на ПСЖ, бидејќи со Нејмар, Кавани, Мбапе… не е доволно само да се освои трофеј во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ништо не е случајно: Постекоглу тоа што го најави и – го оствари!

Ангелос Постекоглу му донесе трофеј на Тотенхем и дочекавме ден кога зборовите “Тоте…