Дома Фудбал Ретко го гледаме во вакво издание: Погледнете како Меси вежба во теретана на 39 години (Видео)

Ретко го гледаме во вакво издание: Погледнете како Меси вежба во теретана на 39 години (Видео)

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, не е познат по тоа што многу често тренира во теретана, всушност досега ретко сме имале можност да го видиме во таква средина.

Но, денеска Меси на своите профили на социјалните мрежи објави видео од тренинг во теретана за време на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!



Фановите останаа восхитени од леснотијата со која Меси изведуваше згибови, а на видеото може да се забележи дека работеше и на другите мускулни групи.

Да потсетиме, иако има 39 години, Меси продолжува да блеска на тековното Светско првенство и постигна пет гола во првите два натпревари.

Со тоа стана најдобар стрелец на светските првенства во историјата, достигнувајќи бројка од 18 голови, надминувајќи го Мирослав Клозе со 16 гола.

Имено, денеска Меси го прославува својот 39-ти роденден, бидејќи е роден на 24 јуни 1986 година во Росарио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква сцена за Босанците: Стујардеса на летот за Сиетл ги изненади со големиот хит (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео снимка од авионот со навивачите на Босна и Херцеговин…