Дома Фудбал Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од најголемите фаворити на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот на африканскиот тим, Карлос Кеирош, изрази незадоволство од одлуките на судиите, особено оние од ВАР собата, по завршувањето на дуелот.

Португалецот ја започна прес-конференцијата со замерка.

“Дали ВАР сè уште функционира на Светското првенство? Имам многу сомнежи во врска со тоа. Како е можно да не забележат јасен пенал за Гана?” запраша Кеирош.

Контроверзната ситуација се случи во финалните моменти на натпреварот, по брзиот напад на Гана, кога беше очигледно дека играчот од африканскиот тим беше неправилно спречен од дефанзивецот на Англија. Подоцна, тоа уште подобро се забележа на повторената снимка.

„Англичаните треба да се благодарни. ВАР изгледа си замина да на кафе. И мене би ми се допаднало да понесам кафе на моето место, но тоа беше чист пенал и црвен картон за англискиот дефанзивец. Нема дилеми“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toлку беше: Легендарниот Ешли Кол по осум натпревари ја заврши епизодата во Италија!

Легендарниот лев бек се раздели со Чезена. Многумина беа изненадени кога Ешли Кол ја презе…