
Агуеро повеќепати истакна дека Хулиан Алварез совршено би се вклопил во системот на игра на Барселона, нагласувајќи ги неговите технички и тактички квалитети, како и работната етика без топка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според неговите зборови, напаѓачот на Атлетико ја поседува карактеристиката на модерен напаѓач кој би можел да одговара на барањата на играта на Барса во наредните сезони.
“Алварез би бил добар потпис за секој тим денес. За Барселона, сè зависи од тоа како би се чувствувал и како би се вклопил во средината. Ако работите тргнат во добар правец, може да стане играч што ја освојува Лигата на шампионите”, порача Агуеро.
“Тоа е многу тежок клуб за напаѓачите, но ако Барселона го следи неговиот развој и ако продолжи да игра на ова ниво, тој се совршено вклопува. Тој го сака фудбалот и има нешто што не сите напаѓачи го имаат – исклучителна дефанзивна посветеност. Многу е комплетен играч”, додаде Агуеро.
Барселона упорно работи на доведувањето на поранешниот играч на Манчестер Сити, но Мадрид се спротивставува и тврди дека нема да го пушти својот напаѓач на Каталонците, освен ако не биде исполнета клаузулата што изнесува дури 500 милиони евра.