Дома Фудбал Дешан итно го напушта Светското првенство – позната е причината!

Дешан итно го напушта Светското првенство – позната е причината!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидије Дешан, го напушти кампот на својот тим поради смртта на неговата мајка.

Тажни вести пристигнуваат оваа вечер од Соединетите Американски Држави, бидејќи Дидије Дешан нема да ја води француската селекција во дуелот со Норвешка. Тој ќе помине неколку дена во својата татковина заради смртта и погребот на својата мајка.

Во договор со првиот човек на францускиот фудбал, Филип Диало, Дешан ќе го предаде водството на репрезентацијата на својот најблизок соработник, Ги Стефан.

Франција веќе се квалификуваше за натамошното натпреварување и со Норвешка се бори за првото место во групата.

0 Коментари

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко: Тоа што ги нема Рафиња и Педри е скандал, Јамал мора да биде победникот

Спортскиот директор на Барселона, Деко, е многу изненаден од изоставувањето на двајцата фу…